Фирмата „Делта-пром“ ќе ја гради подземната гаража во центар на Велес
Објавено на 12 февруари, 2025 во 12:51
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2025/02/FB_IMG_1739359719259-1024x576.jpg)
Изградбата на подземната гаража во центар на Велес и е доверена на фирмата „Делта-пром“ од Велес. Општината не одговори на прашањата на Дума.мк но градоначалникот Марко Колев ја сподели информацијата од потпишувањето на договорот на својот личен Фејсбук профил.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2025/02/FB_IMG_1739359710107-1024x533.jpg)
Колев притоа додаде дека на негово огромно задоволство утрово го потпишал договорот за најголемата инвестиција со која ќе се обезбедат 100 паркинг места, на три три подземни нивоа, со што значително ќе се „олесни сообраќајниот метеж во овој дел на градот“. Колев сподели и три фотографии од изгледот на подземната гаража.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2025/02/FB_IMG_1739359699782-1024x613.jpg)
Според оваа Фејсбук објава носител е градежната фирма „Делта пром“ со група изведувачи.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)