Физички нападнат таксист во Велес
Објавено на 31 јануари, 2022 во 12:21
Од Министерство за внатрешни работи Велес ифнормираат дека вчера, 30 јануари, четириесет минути по полноќ во Сектор за внатрешни работи Велес било пријавено дека педесет и четири годишниот велешанец Т.Г, додека работел како такси возач во Велес, по претходно недоразбирање бил физички нападнат од едно лице.
-Се преземаат мерки за расчитување на случајот, стои во извештајот на МВР.
Стефани Манева