(фото и видео) Акцијашите ветерани од Велес оддадоа почит и засадија 60 дрвца за настраданите од пожарот во Кочани

Објавено на 4 април, 2025 во 12:55

Акцијашите од здружението на граѓани Акцијаш – ветерани Велес, денеска, посадија 60 садници на Спомен Костурницата за трагично настраданите во пожарот во Кочани како и шоферот кој цел ден ги превезувал повредените. Тие акцијата ја започнаа со едноминутно молчење и оддадоа почит за загинатите.

Претседателот на здружението Горан Петков особено го радува присуството на младите сограѓани на оваа акција којашто требало да ја одржат на 1-ви април, поточно на денот на акцијаштвото, но ја одложиле поради дождот и лошите временски услови.

На оваа акција присутни беа средношколци од градот како и активни членови на Црвен крст Велес коишто помагаа и засадуваа дрвца. Нивното инволвирање во вакви активности не само што ја зголемува нивната еколошка свест, туку и ја поттикнува заедницата на соработка.

Акцијашите ветерани и понатаму умеат своето слободно време да го користат за работа. Освен младите ученици на овие акции посакувано е да се приклучуваат и граѓаните со цел градот да биде почист и поуреден.

Стефани Манева

фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.