(фото и видео) Доделени годишните признанија на најхуманите граѓани, Тодор Хаџи Ристов награден за 100 пати дарувана крв

Велешанецот Тодор Хаџи Ристов е добитник на признание за 100 пати дарување крв во изминатите години, кое традиционално Црвен крст – Општинска организација Велес го доделува по повод 17 март, Меѓународниот ден на крводарителството. Во општинската сала, вчеравечер, пред многубројна публика покрај Хаџи Ристов, признание за 75 пати дарување на крв добија и Божо Димовски, Димче Наумов и Стефан Јовчев додека за 50 пати Ѓоре Коцев, Наунчев Игор, Иван Стојанов, Пејчиновски Дени, Јордан Кирков, Драганчо Талевски, Снежана Петрушевска, Роберто Јаневски и Нино Николов. Овие граѓани добија грамогласен аплауз од публиката во знак на благодарност што несебично ја подаваат својата рака, донираат од скапоцената течност и спасуваат многу човечки животи.

Одбележувањето на претстојниот 17 март, ден на крводарителството, продолжи и со доделување на благодарници на оние коишто несебично се вложиле за унапредување на крводарителството како и за значајниот приоритет при исполнување на локалниот и републичкиот план за крводарителство во 2023 година.


Благодарници беа доделени на Команда за обука и доктрини на Армијата на РСМ, „Скил ап академија“, ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“, Основна организација на Црвен крст Градско и мотиваторите за крводарителство Благое Климкаров, Дончо Николовски, Слободан Бошков и Зоран Јаневски. Исто така, благодарници добија и посебно беа поздравени вработените од Службата за трансфузион медицина од Велес и како и пензионираните доктори од оваа служба Др. Лилјана Поцкова, Др. Славе Јорданов, Мимоза Николова, Милка Илиева и Душанка Темова.


На самиот почеток на манифестацијата свое обраќање имаше и претседателката на општинската основна организација на Црвен крст Велес, др Кевица Клифова, која напомена дека Велес е само еден од четирите градови кои во 2023 година за 200% го надминал исполнувањето на годишниот план за крводарување.
Исто така, со громогласен аплауз беа поздравени и 30-те волонтери на велешки Црвен крст коишто изработиле вкупно 405 волонтерски часови.


Настанот беше збогатен и со две музички точки од страна на ученици од ОМУ „Стефан Гајдов“.
Стефани Манева
