(фото и видео) Со хеликоптер се гаси пожарот помеѓу Каласлари и Црквино кај „Венуле“
Објавено на 10 јули, 2024 во 13:54
Сува треба и шума гори помеѓу селата Каласлари и Цррквино над месноста викана „Венуле“ во велешко. Како што информираат од Центар за управување со кризи пожарот кај Црквино има две јадра на горење.
Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, побарал и воздушна поддршка за којашто ЦУК во координација со хеликоптерската единица во МВР извести дека поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12:30 часот откако ќе се ослободат хеликоптерите.
Гаснењето на пожарот со хеликоптер започнал веднаш потоа, поточно во моментов дејствува хеликоптерот „бел 412“ на Хеликоптерската единица на МВР.
Инаку пожарот е активен од ноќеска, поточно еден час и 15 минути по полноќ.
Стефани Манева