Уште еден активен пожар во велешко, гори помеѓу селата Каласлари и Црквино над Венуле

Објавено на 10 јули, 2024 во 11:05

Од Центар за управување со кризи соопштуваат дека од ноќеска, еден час и 15 минути по полноќ, активен е и пожар помеѓу селата Каласлари и Црквино над месноста викана Венуле каде покрај сува трева гори и шума.

-На лице место гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Велес. Исто така за овој пожар се известени ЈП Македонски Шуми ШС Бабуна – Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани, немале гориво за возилата и истите не биле исправни и регистрирани тие не излегуваат на терен да го гаснат пожарот. Запознаена е Дирекцијата за заштита и спасување… Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12.30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите, додаваат од ЦУК.

Покрај овој пожар, активен е и пожарот кај село Отиштино и Оризари каде гори сува трева и трње на голема површина и каде интервенираат четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.