(фото) „Велес Бајкинг“ обезбеди четири донирани велосипеди, сервисираа и одржаа велосипедска трка за млади во Градски парк
Млади велосипедисти како и сограѓани, во неделата беа дел од едукативна обука за сервисирање на велосипеди одржана во Големиот парк на Pump track во Велес. Членовите на здружението „Велес Бајкинг“ заедно со повеќе од 40 присутни граѓани, ги сервисираа деловите на велосипедите коишто беа донесени и заеднички учеа нови техники за самопоправање на своите превозни средства.
-Покрај обуката, во двочасовната програма мобилниот вело-сервис беше на сулуга на Велешани кои бесплатно си ги сервисираа своите велосипеди. Пред крај на настанот се одржа и првата трка на полигоготно за велосипеди – Pump track каде учествуваа 20- на младли велосипедисти. Натпреварот беше во двокружно возење околу патеката, а за најбрзиот беше предвидена и награда – велосипедска опрема, рече Зоран Јаневски претседател на ЗГ „Велес Бајкинг“.
Исто така, обезбедени се и четири велосипеди коишто во наредниот период ќе бидат донирани онаку кадешто е потребно. Јаневски додава дека ги повикува сите заинтересирани граѓани на Велес да го исконтактираат здружението со цел да им бидат донирани велосипедите, но и да ги контактираат оние сограѓани коишто сакаат да донираат велосипед со цел да усреќат некој друг.
Активностите се дел од Проектот, „ Намалување на СО2 со зголемување на користење на велосипеди со воведување мобилни сервис услуги во Велес“ реализиран од страна на Здружението “Велес Бајкинг“ од Велес, во соработка со Општина Велес, СОУ „Коле Неделковски“ Велес и СОУ Гимназија Кочо Рацин – Велес Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), Здружението “Велес Бајкинг“ од Велес.
Стефани Манева