(фото) Велес се подготвува за „Питијада 2025“ – велешката пастрмајлија ќе се продава на 14 штандови

Објавено на 9 октомври, 2025 во 14:21
фото: Дума.мк

Во Велес веќе се чувствува атмосферата за годинешната „Питијада 2025“. Денеска низ градот се одвиваат последните подготовки за големата манифестација која официјално започнува утре, 10 октомври, и ќе трае до недела, 12 октомври. Градот пулсира во ритамот на традицијата – се поставуваат штандовите за служење пастрмајлија и се монтира главната бина за музичката програма.

фото: Дума.мк

Оваа година, љубителите на велешката пастрмајлија ќе можат да уживаат на вкупно 14 штандови, каде ќе се служи топла пастрмајлија по цена од 250 денари. Штандовите се распоредени на веќе традиционалната локација – од влезот на гимназијата „Кочо Рацин“ па се до раскрсницата кај „Панини“ кадешто се поставува и бината.

Фото: Дума.мк

Поради очекуваниот голем број посетители локалната самоуправа апелира до велешани да ги остават своите возила дома во текот на овие три дена, освен ако немаат итна потреба за користење на автомобил.

фото: Дума.мк

Најавени се автобуси и туристички групи од повеќе градови, па градот се подготвува за зголемен сообраќаен метеж. Обезбедени се и дополнителни паркинг локации низ Велес, за кои посетителите ќе добиваат информации уште при влезот во градот. На неколку влезни точки ќе има редари кои ќе делат флаери со QR код, преку кој директно ќе може да се видат мапи со достапните паркинг места.

Исто така, сите локации за паркинг се достапни и на линкот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.