(фото) Започна заедничкото чествување на Свети Трифун во Младински парк
Со настапот на учениците од ООМУ „Стефан Гајдов“ од отсекот за традиционални инструменти започна првото заедничко чествување на Свети Трифун во Младински парк Велес. На четири штандови се нуди добро вино од локалните винарии Шато Сопот, Old School, Тристо и Wine Gallery додека за вкусната храна ќе се погрижи Гостилница Снупи.
Општина Велес е организатор на првото чествување на заштитникот на лозјата и виното, со желба да прерасне во една убава традиција и Младински парк да биде исполнет со многу насмеани лица.
Велешки музички групи и пеачи ќе бидат задолжени за комплетно уживање. После учениците од музичко училиште, забавата ја продолжија Стакато Бенд.
Од 15:00 часот свој настап ќе има велешанецот Тони Андреев, потоа „Harmony Band“ и за крај на вечерта со почеток од 19:00 часот ќе настапи велешанката Мими Јовановска заедно со беднот на браќа Нуне.
Се покануваат сите граѓани да излезат и денот да го поминат со чаша добро вино и добра домашна музика.
Стефани Манева