Голем број на казни за возење под дејство на алкохол во Велес
Објавено на 12 јули, 2021 во 15:15
На подрчјето на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, 11 јули, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. За време на оваа акција, полициските службеници регистрирале вкупно 25 прекршоци.
-Најголем број прекршоци регистрирани се во Велес односно 12, потоа седум во Неготино и шест во Кавадарци. Сите ќе бидат соодветно санкционирани, рече Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.
Во текот на истиот ден, за Уредбата за носење на лична заштита казнети се осум велешани.
Стефани Манева