Голема акција за пошумување на брегот на езеро„Младост“

Објавено на 31 март, 2023 во 11:35

Здружението на акцијаши „Акцијаш ветерани“ и Сојузот на акцијаши ветерани на Македонија, утре, сабота, 1 април,  на брегот на велешко езеро „Младост“ ќе спроведат акција за пошумување на 2 илјади садници со багрем. Акцијата ќе се реализира на парцела во близина на хотел „Глориус“.

-Очекуваме да дадеме придонес на опожарените делови на брегот на ова наше многу значајно место кое што е синоним за белие дробови на нашиот роден град Велес а воедно да бидеме пример и потстрек и за други здруженија, посебно за младите сограѓани, да го следат нашиот пример преку што ќе го обновуваат шумскиот фонд и она што потоа е особено важно да се грижат за секоја заседена садница, рече претседателката на ЗГ „Акцијаш ветерани“ Јорданка Андреева.

Акцијата е поддржана и од општина Велес која го обезбеди автобусот за превоз на акцијашите и граѓаните од Велес до езеро „Младост“.

Автобусот ќе тргне во 8:45 часот од Багремче, ќе биде во 8:50 часот пред Трговски центар во Нова населба, во 8:55 спроти Офицерски дом и во 9:00 часот пред Стоковна куќа од каде директно ќе вози до локацијата за пошумување на брег на езеро „Младост“.

Во акцијата ќе пошумуваат и претставници на граѓански здруженија на акцијаши ветерани од Скопје, од Штип,од Битола,од Куманово, од Кива Паланка и од Гостивар кои со домаќините од Велес и националното акцијашко здружение ќе го одбележат 1 Април – денот на доброволното младинско ангажирање што се одбележуваше во поранешната држава, Југославија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.