Граѓански фото објектив: Ѕуница над Велес
Велешанката Габриела Димова е автор на фотографиите на кои што е прикажана ѕуницата што вчера доцна попладне, во 18:35 часот ја фотографираше од својот дом. Фотографирана е веднаш штом се намали обилното врнење на дожд во Велес и додека сеуште од небото паѓаа ситни капки. Нашата сограѓанка Димова ни ја испрати фотографијата со цел да ја прикажеме на почетокот на денот и нејзината убавина за момент да ни ги оттргне мислите од секојдневните обврски за да посветиме внимание на тоа со што не дарува природата.
Ѕуница или виножито е оптички и метеоролошки феномен кој предизвикува светлинскиот спектар од сончевите зраци да се појави на небото поради прекршување на светлината низ ситни капки вода во атмосферата. Прекршувањето предизвикува создавање на повеќебоен свод на небото, со црвената боја најгоре, а виолетовата најдолу. Виножитото обично се појавува после дожд. Виножитото се состои од 7 бои. Тоа се боите: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, модра и виолетова.
Да потсетиме и на народните верувања за ѕуницатa или виножито:
-Ако се појави виножито по дожд, времето ќе биде убаво.
-Ако виножито се појави додека врне, дождот ќе престане наскоро.
Дума.мк