Изгаснат пожарот во атар на село Клуковец велешко

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало пет пожари на отворено и сите се изгаснати. Еден од нив е и пожарот на стрниште на површина од пет хектари во атар на село Клуковец којшто го гаснеле пожарникари од ТППЕ Велес.
Останатите пожари биле во општина Ѓорче Петров каде изгаснат е пожар на депонија покрај улица „Радушка“, во пределот кај гробиштата, била зафатена била површина од 500 m2. Во општина Могила пожарникарите интервенирале покрај патот Битола-Прилеп во близина на село Вашарејца. Врз два пожара интервенирале пожарникарите од ТППЕ Прилеп во Општина Долнени, прво гаснеле запалена ниска вегетација во месноста „Заград“ и потоа запалена ниска вегетација и прагови од железничка пруга помеѓу селата Слепче и Браилово.
ЦУК соопшти и дека во последното деноноќие имало вкупно 1.631 повици на единствениот број за пријавување итни случаи 112. „Реални“ повици, односно тие што се токму примени за итни случаи, имало 45,55%, од другите повици што се за други случаи или ситуации имало 54,45% од примените повици. Најмногу повици биле упатени кон полицијата (56,16%) и итната медицинска помош (37,44%).
Дума.мк
