Изменет режимот на сообраќај кај делницата Велес – Катлановo
Објавено на 5 февруари, 2024 во 09:17
Поради промена на осветлувањето во тунелот „Стража“ кај Катлаково, на патен правец А1 делница Велес – Катланово, денеска, ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, соопштија од Авто Мото Сојуз на Македонија.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози.
Исто така, се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк