Кај Неготино маж со товарно возило удрил во заштитна ограда, полицијата го привела поради криумчарење на мигранти
Педесет и едно годишниот Х.А од Скопје, вчера, околу 17:30 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на Неготино бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово
-На местото, тој со товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитна ограда на автопатот и запрел. Бидејќи имало сознанија дека превезува мигранти, било извршено пребарување на теренот и во близина биле пронајдени три лица мигранти од Ирак, од кои двајца малолетници, кои потврдиле дека пред незгодата се превезувале во возилото, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Дума.мк