Кавадарчанец извршил обљуба врз малолетничка од дом за деца во социјален ризик во Кавадарци
Објавено на 26 октомври, 2022 во 14:18
Шеесет и едно годишен маж од кавадаречко село, во неделата, 23 октомври, извршил обљуба врз малолетна штитеничка од Мал групен дом за деца во социјален ризик во Кавадарци.
Случајот во Одделение за внатрешни работи Кавадарци го пријавила вработена во домот, вчера, 25 октомври.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Стефани Манева