Кавадарчанец на сограѓанин со возило му го попречил патот и физички го нападнал
Објавено: 12 август, 2022, во 09:58 часот
Триесет и пет годишниот Д.Т од Кавадарци, во текот на вчерашниот ден, на локалниот пат Дреново – Кавадарци со своето патничко возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки, му го попречил патот на дваесет и две годишниот Л.М.од Кавадарци којшто се движел со патничко возило „голф“, со кавадаречки регистарски ознаки и физички го нападнал.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека Д.Т бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева



