Кавадарчанец преку социјални мрежи уценувал неготинец за пари
Објавено на 19 февруари, 2024 во 10:03
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/02/kavadarci-1.png)
Дваесет и едно годишниот Ј.Ф од Кавадарци, ноќеска, 55 минути по полноќ бил лишен од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци постапувајќи по претходна пријава.
– 27-годишник од Неготино пријавил дека Ј.Ф. на социјална мрежа го уценувал за да му даде пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и му бил одземен мобилниот телефон за понатамошна постапка, соопштуваат од СВР Велес.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)