Кавадарчанец со воздушна пушка пукал во кучето на комшијата, во Неготино украден градежен материјал од плац
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, во 12:15 часот, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишеле од слобода четириесет и осум годишниот Ќ.С од Кавадарци.
-Тој се сомничи дека околу 05.30 часот пред неговата куќа во Кавадарци пукал со воздушна пушка и погодил куче сопственост на четириесет и четири годишниот С.Н. од Кавадарци. На К.С. му била одземена пушката, а тој бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека истиот ден, во 10:15 часот, во Полициска станица Неготино било пријавено дека од плац на објект во изградба во село Криволак, неготинско, биле одземени градежни материјали. По преземени мерки и активности, полициските службеници кај 20 годишниот Ф.М од истото село ги пронашле украдените предмети и му ги вратиле на сопственикот.
Дума.мк