Тргнати градежните машини од патот Кавадарци-Мушов гроб

Објавено на 6 ноември, 2012 во 15:16

Жителите од  подкожувските села се револтирани поради прекинот на градежните активности на  регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб.

Велат дека со нетрпение очекуваа да бидат санирани ударните дупки и да се постеле нов асвалт за да престане уништувањето на нивните возила. И наместо да го градат патот, машините на ангажираната градежна компанија,  ги повелекла од патот. Тоа дополнително ги вознемири кавадарчани.

 

“ Човек мора да е специјалист за велесмалом зауспешно да ги избегне дупките со големина на кратери. Туристите овде наместо за алтернативен туризам можат да доѓаат само за здравствен  туризам бидејќи  движењето по патот полн со дупки ќе им помогне да ги исфрлат камењата од бубрезите. Покрај  жителите од неколку села овој пат го користат и кавадаречки компании кои секојдневно поминуваат по него и сите тие имаат потреба од соодветен пат“, рекоа жители на селата.

Од министрството за транспорт и врски, под чија надлежност е патот, не успеавме да добиеме одговор зошто е прекината поправката. Од локалната самоуправа Кавадарци рекоа дека бил  прекинат договорот со изведувачот кој ги пробил роковите и не се однесувал сериозно. Сепак наместо планираната реконструкција овој регионален пат само ќе се приспособел за движење во текот на зимата. Тоа ќе го направеле компаниите “Кожувчанка“, “Горкса“, “Фени“ и Македонија пат.

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, најави дека планираната реконструкција на патот од Кавадарци до Мушов гроб ќе продолжела следната година, кога за тоа ќе дозволеле временските прилики, а дотогоаш на тендер ќе бил избран  нов изведувач на градежните работите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License