Градинка и за децата од Ваташа!
Се реконструира Спомен домот “12 Скоевци“ и се преадаптира во детска градинка. Објектот ќе има капацитет за сместување на педесет деца.
Бидејќи локацијата е најблиску до Ваташа приоритет за сместување ќе имаат децата од ова населено место. Во исто време ќе се ослободат повеќе места во останатите клонови на градинката “Рада Поцева“ и ќе се ублажи проблемот со недостаток на слободни места во градот .
“ Нема да биде градинка во вистинска смисла на зборот, но сепак ќе биде доволна за згрижување на децата од село Ваташа. Со новиот буџет, за следната година, ќе обезбедиме средства за нови вработувања во овие градинки и пари за да можат нормално да функционираат “ рече градоначалникот на општина Кавадарци, Алексадандар Панов.
Реконструкцијата на зградата во Ваташа што ќе биде пренаменета во детска градинка целосно е покриена со средства од општинската каса. Треба да биде готова по нова година. Според првичните изјави на жителите на ова населено место сместувањето на нивните деца во објект кој се наоѓа во непосредна близина ќе значи намалување на трошоците за превоз затоа што сега секојдневно се приморани да ги носат до градот.
Од општината најавуваат дека мини градинка ќе отворат и во ООУ“Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци.
