Експлозија на капак од цистерна го усмрти возачот од Кавадарци!
Александар Николов 57 години од Кавадарци е возачот на цистерна кој го загуби животот во текот на вчерашниот ден во кругот на “Фени индустри“.
Според информации од кавадаречката полиција се работи за несреќен случај. По наредба на истражен судија телото е предадено на обдукција по што ќе се утврдат причините за несреќата. Првично, експлозија на капакот на цистерната со која се превезувала хемиска материја е причина за тешка повреда на Николов од која починал на лчице место.
Од полицијата во Кавадарци рекоа дека кај нив е пријавен случајот во текот на вчерашниот ден околу 11 часот, по што излегле на увид заедно со истражен судија и јавен обвинител.
Резултатите од обдукцијата ќе ја кажат причината за смртта на овој возач кој работел во фирмата “Елта“ Кавадарци. Истрагата ќе продолжела и во наредните денови, а ќе опфати вештачење на цистерната и дали се почитувани законските обврски за заштита при работа. / А.Д