Со нож барал место во кафуле во Кавадарци

Објавено на 16 април, 2013 во 11:01

Поради банална расправија 17 годишник извадил нож и замавнувал со него во кафуле во Кавадарци. Од СВР Велес го потврдија случајот и рекоа дека работат на негово расчистување, по што ќе следува и соодветен поднесок.

Од полицијата рекоа дека на разговор бил повикан и родителот на малолетникот.

Дознаваме дека малолетникот го извадил ножот за да си обезбеди место крај шанкот. Им рекол на младите што седеле да се тргнат и да направеле место за него и неговите другари./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.