Променливото време го менува и здравјето на луѓето!

Објавено на 29 април, 2013 во 11:27

Температурата на воздухот веќе надминува 30 степни. Наглите промени на времето почнаа да им задават здравствени проблеми на граѓаните. Лекарите велат дека нивната работа деновиве е зголемена, а зголемен бил и  бројот на мозочните удари.

Најчесто пациентите се жалеле на вртоглавици, покачен крвен притисок, анксиозно-депресивно растројство. Променливото време подеднакво им пречи и на помладите и на постарите.

 

Дознаваме дека сите оддели во кавадаречката болница овие денови работат со поголем интензитет од вообичаено. Лекарите апелираат да не се излегува без потреба надвор и да се избегнува долг претстој на сонце. Посебно апелират до земјоделските производители се воздржуваат од работни активности во текот на денот кога  температурите се највисоки.

Исто така се препорачува избегнување на алкохолни пијалаци и напитоци со многу кофеин и шеќери. Хронично болните задолжително треба да ја земаат препорачаната терапија./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.