Детство без насилство!

Објавено на 13 мај, 2013 во 15:22

Превентивна кампања се спроведува во основните училишта во двете општини, Росоман и Кавадарци, која има за цел меѓу децата да стимулира другарство наместо насилство.

Учениците од основните училишта, денеска спортуваа и сликаа.

Машките игра фудбал, а девојчињата кошарка. Додека едни спортуваа други твореа. Учениците беа задоволни од дружењето и можноста енергијата да ја насочат во докажување кој е подобар на спортските терени.

Домаќин на овој настан беше ООУ „Димката Ангелов Габерот“ од Кавадарци, а го организира кавадаречката полиција, подржана од министерството за образование, локалната самоуправа и бизнис секторот од Кавадарци.

“Целта на овој настан е на младите да им овозможиме начин за дружење, спортување и рекреација, се со цел да им дадеме насока дека имаат начин продуктивно да ја трошат енергијата. Во минатите години се покажа дека оваа кампања ја сакаат младите “ рече Димитар Каракулев, инспектор по превенција во полициска станица Кавадарци.

На крајот од турнирот на најуспешните им беа доделени и награди.

Организаторот посебна награда им  додели  на петмина ученици од ООУ „Димката Ангелков Габерот“  за прекрасно изработеното пано на тема ,,Заедно против насилството“./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.