Полицијата уапси двајца разбојници од Кавадарци

Објавено на 16 јануари, 2014 во 08:47

Кавадаречката полиција по налог на судот утринава уапси две лица од Кавадарци извршители на кривични дека разбојништва и кражби.

Денеска приведените С.Т(23) и М.М. (25)  имале правосилни пресуди со затворски казни но подолго време биле недостапни и не се појавиле да ја издржат изречената казна.

Дваесет и три годишниот С.Т имал затворска казна од пет години и денеска по апсењето е пренесен во затворот Идризово во Скопје, а дваесет и пет годишниот М.М ќе отслужува затвроска казна од една година и седум месеци.

Како што рекоа од полицијата и двајцата уапсени во изминатиот период извршиле повеќе рабојништва во Кавадарци и околината. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.