Полицијата уапси двајца разбојници од Кавадарци
Објавено на 16 јануари, 2014 во 08:47
Кавадаречката полиција по налог на судот утринава уапси две лица од Кавадарци извршители на кривични дека разбојништва и кражби.
Денеска приведените С.Т(23) и М.М. (25) имале правосилни пресуди со затворски казни но подолго време биле недостапни и не се појавиле да ја издржат изречената казна.
Дваесет и три годишниот С.Т имал затворска казна од пет години и денеска по апсењето е пренесен во затворот Идризово во Скопје, а дваесет и пет годишниот М.М ќе отслужува затвроска казна од една година и седум месеци.
Како што рекоа од полицијата и двајцата уапсени во изминатиот период извршиле повеќе рабојништва во Кавадарци и околината. / А.Д