Исчезнатото девојче од Демир Капија е повторно со својата мајка
Малолетната девојка која со својата мајка дојде на годишен одмор во Македонија од Шведска и пет дена се водеше за исчезната се врати кај мајка си. Полицијата денеска добила известување од мајката на седумнаесет годишната девојка дека таа е повторно со неа.
Нејзината мајка во саботата во полициската станица во Неготино пријави дека девојката од дома излегла минатиот четврток, околу 23 часот, и одтогаш не се вратила дома.
Жителите на Демир Капија, со кои контактираше Дума.мк рекоа дека не се работи за исчезнување туку за класичен непромислен детски потег. Тие вчера кажаа дека девојката дошла со својата мајка во Демир Капија на одмор од Шведска. Многу и се допаднало како се живее во Македонија и бидејќи не сакала да се врати назад во Шведска се решила на таков чекор. Но, сепак нејзиното пет дневно оддалечување од дома во полицијата беше пријавено како исчезнување и се трагаше по неа./А.Д
