Бактерија во водата од неколку селски водоводи во кавадаречко
Објавено на 26 август, 2014 во 12:26
Водата од локалните водоводи во селата Крњево, Бохула, Долна Бошава и Раец, како и водата од природната чешма во Моклиште-Еликсир, од која пијат многу кавадарчани е неисправна за употреба.
Ова го покажале резултатите на Центарот за јавно од направената анализа во јули и август годинава на земените мостри вода. Утврдено е присуство на бактеријата ешерихија коли, поради што водата според правилникот за квалитет е хигиенски неисправна и не е за употреба.
Регионалниот центар за управување со кризи веќе доставил известување до надлежните за ваквата состојба и им ја пренеле препораката од Центарот за јавно здравје да се изврши асанација на објектите, дезинфекција на водата и задолжително пред пиење истата да биде провриена./А.Д
