Синиот јазик и натаму се шири во тиквешко

Објавено на 27 септември, 2014 во 13:35

Ширењето на болеста син јазик кај овците во Тиквешијата не прекинува. Секојдневно се регистрираат нови заболени животни, се жалат сточарите.

Тие се надеваат дека заладувањето на времето ќе помогне да се намали ширењето на болеста, бидејќи ладното време ќе го прекине летот на комарците, а тие се главните преносители.

 

Податоците од терен говорат дека досега од син јазик угинале над 500 грла. И понатаму најкритична е состојбата со стадата во селата од Бошавијата и на висорамнината Витачево. Ваквата состојба значително ќе го намали бројот на македонското јагне кое пред новогодишните празници треба да започне да се извезува.

Сточарите се надеваат дека државата преку субвенции ќе им помогне да ги ублажат големите загуби во своите стада./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.