Учениците од земјоделско-шумарското училиште ќе се обучуваат за рурален развој

Објавено на 14 октомври, 2014 во 14:16

55.000 евра тежи проектот кој од Ирска го доби СОЗШУ „Ѓорче Петов“ од Кавадарци,   а се однесува  на спроведување на обука за рурален  развој.

Ова училиште  има за задача грандот да го користи заедно со своето партнер училиште на обуката во Ирска, а на тема рурален развој. Училиштето веќе се подготвува за апликациите на учениците кои ќе учествуваат во обуките, а денеска убавото време беше искористено  за последниот дел од претходниот проект „био енергија“.

 

Младите шумски техничари повеќе од вешто соборија стебло, дефинираа жива ограда и беа дел од теоретското предавање.

За Ирска училишниот просек не е пресуден. Важни се дисциплината, редовноста, поведението, ажурноста и вештината на учениците.Нивните креативни размислувања и идеи  за Ирска се најсилниот адут во апликацијата.

„ Право на апликација имаат сите ученици од 1 до 4 година.Избраните ќе имаат за цел по обуката во Ирска да го пренесат стекнатото на домашен терен и да придонесат стручно во напредокот на  руралниот развој“ рече професорот  Горан Зимовски./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.