Иднината е во здравата храна

Објавено на 16 октомври, 2014 во 12:43

Учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров“  од Кавадарци во пресрет на 17 октомври, светскиот ден на храната, денеска  се едуцираа за значењето на здравата храна, им беа понудени сите предности што значи да се конзумира здрава, органска храна. Дел од овие ученици се идни агрономи кои исто така ќе бидат одговорни за производство на здрава храна.

Во организација на еколошката секција која работи под менторство на профеорите Наталија В`чкова, Весна Тодорова и Глигорчо Бојков, учениците од прва до четврта година освен што учеа имаа можност да дегустираат органска храна.

Професорот по стручни предмети Глигорчо Бојков  вели дека Македонија свесна за квалитетот на храната поради извозот се соочува и со недостаток, но и со висока цена.

„Учениците се подготвени да учат за органско производство и спремни се да ги применуваат техниките за органско производство, бидејќи во наредниот период органската здрава храна ќе има се поголемо значење, а тие како идни стручњаци за производство ќе мора да се насочат и во овој дел“ рече Бојков и на презентацијата нагласи дека прекумерната дебелина исто е резултат на нездравата исхрана , со која најчесто во денешно време се соочуваат младите.

Поголеми кампањи, повеќе едукација и трибини на тема органска храна, според професорот Бојков,  би дале резултати.  /А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.