Kривична пријава за злоупотреба на службена положба против директорката на основното училиште „Страшо Пинџур“ во Кавадарци
Објавено: 3 август, 2017, во 15:12 часот
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во полициската станица во Кавадарци до Основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ј (62) од Кавадарци поради постоење основано сомневање за сторено продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Како што соопштуваат од МВР , осомничената директорка, во периодот од 2015 до 2017 година извршила набавка на разна стока од шест правни субјекти во Кавадарци во вкупна вредност од 452.922 денари, без при тоа да ги почитува одредбите од Законот за Јавни набавки и да распише постапка за јавни набавки.
Директорката дел од набавената стока ја присвоила за свои лични потреби. Исто така В.Ј прифатила и извршила плаќање на доспеани фактури од правното лице “Екстра 03“ ДООЕЛ од Кавадарци, за секојдневен превоз на ученици наместо два пати во неделата согласно документите од спроведената јавна набавка за ученички превоз.
Со ваквите дејства В.Ј го оштетила Буџетот на општина Кавадарци во висина од 957.880 денари./Б.Н.Т


