ВМРО-ДПМНЕ: СДС сака да направи мигрантска населба во Кавадарци

Објавено: 7 август, 2017, во 11:53 часот

На денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци обвинија дека владата на СДСМ имала во план да направи мигрантска населба во Кавадарци, исто како во Гевгелија, Дојран, Битола и Прилеп. 

„СДС донесе акциски план за вдомување на 200.000 мигранти на територијата на Република Македонија, со што Македонија од транзитна земја ќе стане земја во која вештачки ќе се менува демографијата на населението. Општина Кавадарци ниту има можности, нити ресурси да обезбеди сместување на мигранти како што налагаат. Кавадарци штотуку почна економски да се развива. Со намалувањето на невработеноста се појави потреба за работна сила надвор од општина Кавадарци, но наместо СДС да направи услови да не ни заминуваат младите во западните земји, СДС по налог на некои сили сакаат Македонија и Кавадарци да ги наполнат со луѓе кои не им требаат во Европа“ рече Андон Лазаров, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци. 

Тој нагласи дека без разлика на владината одлука немало да дозволат некои други народи да ги земаат работните места на кавадарчани и да се наруши безбедноста во градот./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.