СДСМ: Лага и груба манипулација е дека се планираат бегалски кампови во Кавадарци

Објавено: 7 август, 2017, во 14:24 часот

„Најостро ги демантираме денешните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци дека Владата планира да гради бегалски кампови, од кои еден и во Кавадарци. Ова е чиста ЛАГА и ГРУБА МАНИПУЛАЦИЈА со јавноста и граѓаните на Кавадарци“ – пишуваат од ОО на СДСМ во Кавадарци.

„За жал со однесувањето од последните неколку месеци, ДПМНЕ покажа дека е една несериозна банана партија која без никакви факти, документи и податоци, излегува со прес конференции каде раскажува трачеви, и шири лаги и невистини.Ние како владеачка партија најодговорно тврдиме дека ниту се планирани, ниту пак ќе се градат бегалски кампови во Македонија, а особено не во Кавадарци! Бараме под итно да им се извинат на граѓаните на Кавадарци поради тоа што ги вознемируваат со вакви лажни вести“ велат од кавадаречкиот огранок на СДСМ и ги советуваат своите политички противници да се фокусирале на реформирање на својата партија од криминалните структури кои 10 години економски, социјално и културно ја опустошија Македонија.

„ Бидејќи ако продолжат со ваквото несериозно и трачарско однесување, не само што катастрофално ќе ги изгубат локалните избори, туку ќе станат и маргинална партија на политичката сцена во Македонија “ велат од СДСМ./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.