Заврши колективниот одмор но, работниците на „Дрекслмајер“ не се враќаат на работа

Објавено на 3 април, 2020 во 11:12

DREKSEL fin

Пo завршување на колективниот платен годишен одмор за најголем дел од околу 5.000 работници во германската фабрика „Дрекслмајер” во Кавадарци беа пуштени на колективен платен годишен одмор тие како превентива од Ковид-19 не се враќаат на работа.

Освен инфективното заболување и епидемијата причина се и откажаните нарачките на автомобилските компоненти што во прецизен временски период им се испорачуваа на клиентите на компанијата. Ако нема нарачки од автомобилската индустрија невозможно е да се реализира производствениот процес кој не произведува залихи.

-Веднаш штом нашите клиенти ќе започнат со нарачки на автомобилски делови, соодветно ќе ги рестартираме производствените капацитети, соопштија од германската компанија.

Почетокот на работниот процес воглавно го диктираат развојот на ситуацијата со светската пандемија како и потребите на автомобилската индустрија. Дотогаш периодот на мирување, „Дрекслмајер” ќе го искористи за подготовки за евентуален почеток на производството со план и начин на работа што обезбедува максимална заштита на здравјето и безбедноста на вработените.

Во „Дрекслмајер” работат над 5.000 работници од повеќе општини во вардарски плански регион а меѓу нив и од Велес како и од Прилеп./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.