Се реновира внатрешноста на кавадаречкиот суд

Објавено на 21 мај, 2020 во 13:48

IMG 0fa6c22973b3cc33e86e826a0140a84d VВработените во Основен суд Кавадарци самоиницијативно се организираа и започнаа активност за реновирање на внатрешноста на судската зграда – информираше денеска претседателот на судот д-р Лазар Нанев.

Се врши целосно реновирање на холовите во зградата, со молеро фарбарски работи, се поставуваат нови врати, а исто така се поставува и нова инсталација која ќе овозможи дигитализација во работењето на судот, со воведување на информатичката технологија во секоја канцеларија.

Од вторник во кавадаречкиот суд се започнува со редовни судења.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.