Двајца ковид пациенти починаа во кавадаречката болница

Објавено на 10 ноември, 2020 во 11:02

bolnickasoba

10.11.2020

Двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години хоспитализирани на ковид одделот во кавадаречката болница ја загубиле битката со корона вирусот, инфомираа од болницата.

Таму моментално се сместени 49 пациенти и има слободен уште еден болнички кревет. 

“22 пациенти се на постојана кислородна поддршка, а на повремена се 15 пациенти. Од денеска го зголемуваме капациетот за уште 10 легла и ќе бидат вкупно 60 за третман на ковид позитивни пациенти со средно-тешка клиничла слика“  вели директорот на болницата д-р Диме Коцев.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.