Еден починат и 43 нови позитивни на коронавирус во Тиквешијата
21.11.2020
Еден пациент од Неготино на 67 годишна возраст, почина на клиниката за инфективни болести во Скопје, во изминатото деноноќие” информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје – Кавадарци.
И денеска продолжува растот на нови позитивни случаи на коронавирус во Тиквешијата.
Во Кавадарци се регистрирани 19 позитивни од 29 до 72 години. Меѓу нив има и здравствен работник.
Во Неготино се регистрирани 19 позитивни од 29 до 72 години.
Во Демир Капија се регистрирани 5 позитивни од 31 до 75 години.
На ковид одделот во кавадаречката болница се сместени 41 пациент во општа стабилна состојба. Има слободни 19 болнички кревети.
Кавадарци достигна бројка од 1000 позитивни случаи дијагностицирани од почетокот на пандемијата, а активни се 429. Во Неготино активни се 274 случаи.
Мите Јаначков
