Двајца починати и 23 нови случаи на ковид 19 во Тиквешијата

Објавено на 20 јануари, 2021 во 11:10
kavadarci ccovid44220.01.2021

Поради компликации од корона вирусот во Тиквешијата починати се две лица во болнички услови, еден пациент на 55 години од Кавадарци и на 80 години од Неготино.
Кавадарци и понатаму  е меѓу градовите каде се регистрира поголем број на позитивни на корона вирусот. Според статстиката на министерството за здравство, во изминатото деноноќие, заклучно до синоќа во Кавадарци има 19 нови ковид позитивни. По два нови случаи има во Неготино и Демир Капија. 
 
 
Институтот за јавно здравје регистрира и еден оздравен пацент во Кавадарци.   Во ковид центарот на кавадаречката болница се лекуваат 20 пациенти.
 
Во Кавадарци од почетокот на пандемијата има 2408 случаи на ковид 19, а во моментов активни се 412. Во Неготино активни се 175 од вкупно 944, а во Демир Капија има 38 активни случаи од вкупно 179./А.Д
Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.