Модуларната болница во Кавадарци е подготвена за згрижување на ковид позитивни пациенти (видео)
Објавено на 5 март, 2021 во 14:45

Со 35 болнички кревети располага модуларната ковид болница во Кавадарци. Таа е веќе подготвена за прием на пациенти и ќе биде ставена во функција веднаш штом ќе се исполнат двата ковид оддели.
Бројот на позитивни во Тиквешијата постојано се зголемува. Моментално во двата ковид оддели на кавадаречката болница се сместени вкупно 50 пациенти. Има слободни уште 10 болнички кревети. Вкупниот капациет на кавадаречката болница за згрижување на ковид позитивни, со новиот модуларен објект е 95 болнички кревети.
Директорот на болницата д-р Диме Коцев упати благодарност до сите здравствени работници кои една година неуморно се во првите редови за пружање помош на пациентите. Истакна дека состојбата е загрижувачка и се зголемува бројот на позитивни и апелираше граѓаните максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат превентивните мерки за заштита. /А.Д
