Педофил од Росоман доби 15 години затвор
Објавено на 12 јануари, 2022 во 12:43
Максимална казна затвор од 15 години доби 41 годишниот В.Т од Росоман, поради полов напад на дете кое не наполнило 14 години.
Тој е прогласен за виновен за дело кое го сторил во првата половина на 2020 година, на точно утврдени датуми, во повеќе наврати. Извршил полово дејствие врз деца на 7 и 5,5 години и жртвите ги сликал со мобилен телефон.
Обвинетиот е во притвор од април минатата година и истиот му е продолжен.
Ангел Данов