Пожарникари од Кавадарци заминаа во Турција да помагаат

Објавено: 8 февруари, 2023, во 13:51 часот

Александар Чадамов, Трајков Стојанче, Димков Дончо, Симонов Ване, Јошев Атанас, Дрваров Драган, Манев Тоде, Стојчев Љупче и Зоков Александар се дветтмината пожарникари од ТППЕ Кавадарци кои тргнаа на пат кон Република Турција.

Со две моторни возила и соодветна опрема за заштита и спасување од непогоди, заминуваат да помогнат на населението во реонот зафатен од катастрофалниот земјотрес. Кавадаречките пожарникари ќе бидат таму се додека е потребна помош.

За потребите на пожарникарите кои заминаа за Турција Црвен Крст Кавадарци обезбеди 12 вреќи за спиење, 40 ќебиња и 6 шатори.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.