Кавадаречки бизнисмен измамен преку хакирана електронска пошта со стока во вредност од 80 илјади денари
Објавено: 22 ноември, 2025, во 13:38 часот
На сопственик на фирма од кавадаречко прво му ја хакирале електронската пошта а потоа го измамиле со транспорт на стоката од Германија што наместо на посочена локација завршила на друго место. Бизнисменот и неговата фирма биле оштетени за 80 илјади денари, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во 09:00 часот, во ОВР Кавадарци, 51-годишен жител од село во кавадаречко, сопственик на правно лице од Кавадарци, пријавил дека бил измамен за сума од 80.000 денари. Според пријавеното, преку европска платформа за транспорт, преку која договарале за да транспортираат стока, преку хакиран е-мајл добиле информација стоката која ја товариле во Германија, да ја истоварат на друга локација, различна од претходно договореното, каде и ја предале, односно не стигнала кај побарувачот и противправно била присвоена, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додаваат дека по пријавата на оштетениот, полицијата известила јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Убавка Јаневска


