Коки: „Народот од власта бара одговори и решенија, а таа му нуди прес конференции и анкетни комисии“

Објавено: 8 декември, 2025, во 11:42 часот

Неделава афористичкото перо на Никола Бошков Коки инспирирано од актуелните случувања како и од вечните теми, љубовта и бракот, напиша девет афоризми. Коки празнично ги става на читање на читателската заедница на Дума.мк:

„Секој ден е нова шанса, ако не за успех, барем за нов изговор.“

„Во трката за партиски лидер, прв на целта секогаш пристигнува…ЕДИНСТВЕНИОТ НАТПРЕВАРУВАЧ !“

„Народот од власта бара одговори и решенија, а таа му нуди прес конференции и анкетни комисии.“

„Актуелниве политичари имаат свое видување за демократијата – секој може слободно да го критикува оној, кој веќе не е на власт.“

„Понекогаш минута тишина со вистинската личност, вреди повеќе од еден час разговор…со погрешната.“

„Првата љубов е ЕВЕРГРИН, сите останати се само хитови.“

„Љубовта е убава работа, но се дотогаш, додека за неа не дознае…сопругата.“

„Добриот брак не се наоѓа, ТОЈ СЕ ГРАДИ !“

„Во бракот нема тајни, туку постојат само добри скривалишта.“

Вашиот, КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.