Концерт на „Јордан Костов Трио“ во Дом на култура во Кавадарци
По долги години, еден од најпознатите македонски музичари, Јордан Костов, кој работи претежно низ Европа и Азија, ќе настапи со своето трио во родниот град Кавадарци. На концертот Костов ќе музицира на хармоника додека Маки Хачија од Јапонија на пијано и воедно како вокал додека Драган Теодосиев на тапани.
За музиката која кавадаречката публика ќе има можност да ја слушне Јордан Костов рече дека е испреплетување на повеќе музички жанрови од балансиран контраст на импро и комплексни преку едноставни мелодии со моменти на космички звук , до хармонски манипулации. Исто така на концертот ќе биде изведен арт од енергична вокална техника, модерен џез и силна ритам секција. Овој квартет ќе го донесе духот на алтернативата , подземјето и авангардата од Токио. Во исто време ќе тежнее и кон оживување на духот на творештвото и изведбите на македонската музичка легенда, вокалниот интерпретатор Никола Бадев.
Концерт на „Јордан Костов Трио“ ќе се одржи во Дом на култура во Кавадарци, утре вечер, 29 ноември со почеток во 20:00 часот.
Стефани Манева