(ВИДЕО)Коњи во галоп трчаат по сокаците во „Дворови“, преплашија мајки и деца

Објавено на 28 април, 2021 во 15:57

Два коња им создаваат грижа на мајки во населбата „Дворови“ во Велес. Тие вчера со своите мобилни телефони ги снимиле коњите како се движат, сами без нивниот сопственик и  раскажуваат дека пред неколку дена се соочиле со  сериозно галопирање на животните што ги  вознемириле нивните деца додека си играле на улица.

Коњи шетаат и галопираат низ сокаци во велешка населба „Дворови“

Домашните животни трчале низ тесните сокаци на оваа населба и предизвикале силен плач кај малите деца за што  преплашените мајки истрчале и во последен момент ги повлекле децата од тесниот сокак. Така тие велат дека ги спасиле расплаканите и исплашени деца од коњите.

Загрижените мајки, испратија и видеа кои се снимени во текот на вчерашниот ден и на кои се гледа како коњите слободно шетаат низ оваа населба. За жал тие не успеале да го снимат галопирањето на коњите и моментот на спасување на  своите деца од трчањето на коњите. 

Освен мајките, од оваа населба реагираат и останати граѓани кои го предочуваат како сериозен проблем  изметот што зад себе го оставаат коњите. Овие граѓани побараа надлежните институции да превземат мерки и да го откријат сопственикот на коњите, за да го предупредат дека без негово присуство не смеат коњите слободно да шетаат и трчаат низ улиците во населбата.

Денеска побаравме официјален став од Општина Велес, за тоа што ќе превземе во врска со овој проблем посочен од загрижените мајки  но и на жителите на овој дел од Велес, кои тврдат дека се соочуваат подолго време До објавувањето на веста не стигна официјален став од Општина Велес.  

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.