„Кожувчанка“ донираше генератор за струја на градот Буча од Украина, збратимен со Кавадарци (видео)
Објавено на 21 октомври, 2022 во 16:57
Збратимувањето меѓу општините Кавадарци и Буча од Украина што се случи вчера, денеска резултира со конкретен пример на поддршка. Денеска компанијата Кожувчанка донираше генератор во вредност од 80 илјади евра за потребите на овој град, бидејќи поради воени дејствија граѓаните се без електрична енергија и без вода за пиење.
Во просториите на Кожувчанка беше потпишан договорот за оваа донација. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека оваа донација е од големо значење за жителите на збратимениот град и е дадена од срце, а голема благодарност за истата упати заменик градоначалникот на Буча.
Ангел Данов