Крадец нападна кавадарчанка во домот и и го одзеде накитот

Објавено на 1 септември, 2021 во 13:02

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека во текот на вчерашниот ден, 31 август, во ОВР Кавадарци шеесет и осум годишната Д.Ј пријавила дека околу 04:00 часот, едно лице со употреба на сила влегло во нејзиниот дом. Лицето физички ја нападнал и и го одзел накитот што го носела на себе.

Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.