Краткотрајно невреме поплави улиците и продавници, откорна дел од покрив, кршеше гранки и истурка дрвја во Велес
За петнаесеттина минути поројниот дожд со ветер кутна дрво коешто падна врз автомобил на ул: „Никола Карев“ 11 како и на ул: „ 11Октомври“, додека дрво падна и врз електрични жици на ул: „Ризо Ризов“ бр.11. Невремето исто така беше причина за кутнатото дрво пред ССОУ „Коле Неделковски“. Во Центарот за управување со кризи првично се пријавени и откорнат дел од покрив на зграда на ул: „Благој Ѓорев“ бр.104 и на „Борис Трајковски“. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека на сите пријави одговориле со информации за помош или за пријавување на штети.
Граѓани на социјалните мрежи објавија страотни фотографии и видеа од надојдената вода во месноста „Поток“ во Велес. Сите улици во централниот дел на Велес се поплавени. Од поплавените улици водата влезе во продавници. Количината на вода на улиците запираше возила. Најкритичен повторно беше делот од улицата: Алексо Демниевски пред спортската сала „Гемиџии“.
Убавка Јаневска